| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Срамно што Македонија ги дала прислушуваните разговори

vucicАлександар Вучиќ вели дека е срамно тоа што Македонија му ги дала, на Горан Живаљевиќ од амбасадата на Србија во Македонија и новинарот Мирослав Лазански од Белград, записите од прислушуваните разговори на Иван Стоилковиќ, лидер на Демократската партија на Србите. Според Вучиќ не е виновна Македонија туку странска западна служба, пренесува N1 телевизијата.

Изјавата дојде вчера во интервју на ТВ Пинк:

Во Србија прислушувани разговори не се објавувани во медиумите во последниве години, барем не оние по 2012 година. Се разбира дека ги има, во согласност со законот, но не и во медиумите. Одговорни земји се однесуваат на одговорен начин, рече тој.

Вучиќ праша зошто македонската власт го следела и прислушувала новинарот Мирослав Лазански и рече дека е срамота тоа што е направено.

Според Вучиќ, кој наскоро ја презема претседателската функција во Србија, од странство имало огромни притисоци и биле вложени многу пари за соборување на неговата влада, но за да се обелодени тоа е „потребна одредена историска дистанца“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top