По настаните во Собранието од 27 април жестоко се удри по народот со масовно приведување и поднесување кривични пријави, определување притвор и други мерки, експресно обвинување и изведување пред суд. И денес, додека ги пишувам овие редови (28 мај), бил извршен претрес во домовите на четири лица, од кои три биле задржани од полицијата и приведени на јавниот обвинител, а други три лица биле повикани на разговори. До кога ќе трае ова хајка против недолжните граѓани?, пишува Михајло Маневски за Денвник.
По скратена постапка во апсолутно рекордно време од само три недели, повеќе обвинети лица на 23 мај беа осудени на условни осуди. Веќе неколку дена по изрекувањето на пресудите, СДС врши жесток притисок на судот и јавното обвинителство. Секојдневно во многу портали, електронски и печатени медиуми под нивна контрола, финансирани од Соросовата фондација и УСАИД, дрско и неосновано ги напаѓаат и грубо се закануваат на судиите и обвинителите, поради тоа што дејството на обвинетите било несоодветно правно квалификувано и поради изречените условни осуди. Тие сметаат дека се меродавни за определување правна квалификација на делата и за одмерување на казните! СДС и неговите мегафони се ставаат во улога на обвинители и судии.
Во уводникот на еден неделник, обвинетите се нарекуваат „тврдокорни убијци“ и се бара „апс за насилниците на правдата во тоги“. Се отиде дотаму што се бара линч на судиите и обвинителите. Се закануваат на судот и обвинителството дека ако продолжат на ист начин да ги третираат останатите насилници ќе станат соучесници во злоделата.
Така започна новото време на промени за „правда и слобода“. Се удира по институциите да се разнебитат и да се заплашат. Цели за отстрел се судиите и јавните обвинители и заканите за нивен реизбор.
Вистинските насилници во сенка
Заканите и заплашувањата на судиите и обвинителите имаат за цел да се одвлече вниманието од вистинските насилници во Собранието и обвинетите лица за тешки корупциски кривични дела, кои долго време неосновано смислено ги избегнуваат судските рочишта.
Повеќе од една година сосема неосновано се одложуваше судењето за случајот „Пуч“ за обвинетите Зоран Заев, Зоран Верушевски и други лица, за на крајот Kатица Јанева која и самата бараше одложување на судењето од лични причини да го повлече обвинението без законско образложение.
Во случајот „Поткуп“, во кој е обвинет Зоран Заев, повеќе од една година судењето се одложува 11 пати најчесто по барање на обвинетиот поради средби со чиновници на амбасади или други средби, што во никој случај не е законски основ за одложување судски рочишта. Тоа е класичен случај на злоупотреба на правата во постапката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.