Во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци денеска ќе се одржи Саем за вработување, на кој кавадаречките работодавачи ќе ги претстават нивните потреби за работен кадар, а невработените ќе имаат можност директно да се информираат за условите за вработување.
Во рамки на саемот ќе се одржи форум за работодавачи и инфо средба за млади. Саемот ќе го отворат директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување Кавадарци, Благојчо Борисов.
Саемот е дел од саемскиот караван на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со кој се опфатени и Скопје, Штип, Битола, Тетово и Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)