Британски граѓанин, за кој се верува дека бил под дејство на алкохол и наркотични средства, со својот автомобил „ауди“ влетал во толпа луѓе во близина на шпанско одмаралиште Пуерто Банус кај Марбеја.
Според податоците на светските медиуми, се работи за 27-годишен жител на Британија, кој бил под дејство на наркотици и со своето невнимателно возење повредил 7 лица, меѓу кои и новороденче старо 7 недели. Едно од повредените лица е во критична состојба.
Инцидентот се случил вчера, а на снимката се гледа како автомобилот со голема брзина влетува во пешачка зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.