| четврток, 6 декември 2018 |

300 години по Петар Велики: Владимир Путин пристигна во Версај (Видео)

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, пристигнал во Франција на првиот состанок со новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, во Версајската палата.
Двајцата лидери ќе присуствуваат на голема изложба во Ројалната палата, посветена на 300-годишнината од патувањето на рускиот цар Петар Велики во Франција.

Планирана е заедничка конференција за новинари по разговорот меѓу двајцата лидери. За денес нема никакви документи за потпишување. Претседателите едноставно сакаат да се запознаат и да дознаат малку повеќе еден за друг, пред да се договорат за идни контакти.

Путин последен пат ја посетил Франција во ноември 2015. година, за да учествува на меѓународната конференција за климатски промени во Париз. Два месеци пред тоа, рускиот претседател учествувал на состанокот на лидерите во Париз. Во октомври 2016. година постоеле планови рускиот претседател да го посети Париз, и заедно со тогашниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, да го отвори рускиот Духовен центар. Патот, меѓутоа, бил откажан поради несогласувањата помеѓу Франција и Русија за Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top