| четврток, 6 декември 2018 |

Тибо Куртоа: Буфон е голман од кого се плашат противничките фудбалери

Веќе подолг период Џиџи Буфон суверено го чува голот на Јувентус, а во својата богата кариера му недостига само уште еден трофеј, оној од Лигата на шампионите. Легендарниот италијански голман на 3 јуни ќе има шанса да го освои најпрестижнот клупски фудбалски трофеј, а Тибо Куртоа, голманот на Челси, смета дека во тоа финале Буфон ќе излезе победник во дуелите со напаѓачите на Реал Мадрид.

– Неверојатно е неговото достигнување, на тие години да браниш на така високо ниво. Сепак, кога сте голем голман, секогаш поседувате квалитет, Меѓутоа, Буфон е нешто посебно, тој е сосема друг тип на голман. Тој е вистински водич на тимот и противничките напаѓачи не плашат од него – вели белгискиот голман.

Големото финале на Лигата на шампионите ќе се одигра на „Милениум“ стадионот во Кардиф на 3 јуни со почеток од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top