| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на судењето на „Диво Насеље“, судијката ги отстрани обвинетите од судница

divo naselje

Судијката Верка Петковска ги отстрани од судницата сите обвинети во случајот „Диво Насеље“, кои бурно реагираа откако беа одбиени предлозите на одбраната, за овој предмет да бидат сослушани поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и други ексфункционери.

Одбраната бараше изземање и на судијката и Судечкиот совет. Се очекува денеска Кривичниот суд да ја обзнани одлуката дали друг судија ќе постапува во случајот.

Во случајот „Диво Насеље“ обвинети се 37 луѓе за тероризам и терористичка организација.

Во нападите на 9 и 10 мај пред две години во кумановската „Диво насеље“ загинаа осум припадници на МВР и десет припадници на вооружената група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top