| четврток, 6 декември 2018 |

За Вигенин Македонија има „територијални проблеми“ на патот кон ЕУ

Според бугарски министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, на патот кон ЕУ на Македонија и стои Договорот со Бугарија

vigenin bugarijaОд секоја земја-кандидат за членство во ЕУ пред почетокот на пристапните преговори се бара да ги реши проблемите со соседите, а така беше и со Бугарија. Во случајот со Македонија проблемите се малку посложени од тие што ги имавме ние, вклучително и некои територијални, но да не навлегувам во детали, вели Вигенин во интервју за Бугарската национална телевизија.

Притоа додава дека потпишувањето на договорот за добрососедство за Бугарија ќе биде важен сигнал за подготвеноста на Македонија да развива добрососедски односи со Бугарија. Преговорите за договорот, вели, продолжуваат, а Софија била подготвена да се забрза процесот.

– Има некои прашања за кои македонската страна е воздржана, но не е нешто што не може да се надмине. За некои клучни прашања не може да има отстапки од наша страна, а за некои можеме да покажеме флексибилност. Но, секако, интересот на Бугарија ќе биде заштитен. Ние во исто време не сакаме и не ги превиткуваме рацете на македонската страна, предлагаме решенија кои според нас се прифатливи и ја одразуваат реалноста во нашите односи. Ако таа реалност се признае од македонска страна, не би требало да има проблем за потпишување на договорот – смета Вигенин.

За бугарската позиција го информирал и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

– Со тоа ќе ѝ се отвори патот на Македонија кон ЕУ. Но, не е само Бугарија, има и други прашања, од ЕК и Грција, кои треба да бидат решени. Но, наш интерс е Македонија да оди кон ЕУ – истакна шефот на бугарската дипломатија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top