СДС ќе ги одлага локалните избори кои претходно беа договорени на 15 октомври, датум кој го потврдија и прифатија во разговорите меѓу партиите, јавува Курир, повикувајќи се на извори од партијата.
Според нивните информации, тоа одлагање ќе го правеле со тоа што смислиле нова интрига, односно измената на Законот за избори ќе го стават на седница, но не како прва точка, а пред него некој закон за кој однапред знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе е против и ќе има долга дискусија.
Идејата била на тој начин ем да се обвини ВМРО дека ги опструира локалните избори, ем да нема локални избори. Во игра биле повеќе чуствителни закони како Законот за јазиците, закони со кои би се правеле системски смени со цел СДС да оствари влијание во судството и судскиот систем.
Ова денеска индиректно го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој пред седиштето на СДС во изјава на албански јазик рече дека на средбата со Заев се разговарало што побрзо да се свика собраниска седница за да се донесат важни реформски закони, а потоа да се продолжи мандатот на локалните самоуправи.
Изворите од СДС додаваат дека локалните избори не се опција и ќе се гледа по секоја цена да се избегнат дури и на штета на општините и цех кој ќе го платат граѓаните. СДС не победија на парламентарните избори, а сега не сакаат да се соочат со народната волја и да загубат на локалните избори.
Фактите говорат дека СДС го обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ за непродолжување на мандатите на општините поради тоа што СДСМ немаше мандат, но пред 15 дена го доби мандатот и од СДС има молк. Со сите постапки СДС постојано го одложува донесувањето на овој закон.
Со неодговорното однесување на СДС, на конец висат платите на вработените во администрација на општините, противпожарните служби, детски градинки, основни и средни училишта, јавни претпријатија. Нема градежни дозволи, купопродажба на недвижен имот, адреси за пасош и лични карти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.