Министерството за внатрешни работи се обидува да ја лоцира жената што безобразно беше испрскана со пиво од скопскиот „фраер“, кој, пак, видеото само си го поститал на „Јутјуб“.
– МВР најостро го осудува овој настан. Но, за да преземеме мерки против сторителот, прво мора да ја најдеме оштетната и да ја прашаме дали ќе поднесе пријава за него. Засега се уште не сме ја нашле – вели Иво Котевски, помошник-министерот за односи со јавност.
На нашето прашање дали „фраерот“ преставува закана за безбедноста во сообраќајот, бидејќи на снимката се гледа дека пие пиво и вози, Котевски вели:
– Во согласност со законот, тоа не преставува доказ дека бил во алкохолизирана состојба. Единствен доказ е да се утврди присуство на алкохол во крвта во моментот кога управувал со возилото, што не е случај овде – појаснува Котевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи



