| четврток, 6 декември 2018 |

Петра Квитова се врати на терените и тоа со победа на Ролан Гарос

petra kvitova

Чешката тенисерка Петра Квитова на победнички начин му се врати на тенисот, откако паузираше долг период поради нападот што го доживеа во својот дом, кога заработи и сериозна повреда. Но, Квитова покажа дека е голем борец, го надмина стресот и самата повреда, се подготви за Ролан Гарос и оствари победа во својот прв меч.

Таа во првото коло на гранслем турнирот во Париз ја совлада американската тенисерка Џулија Босеруп со 2-0 во сетови. Квитова првиот сет го доби со 6-3, а доминираше и во вториот, кој го доби со 6-2 во гемови.

Експресен триумф оствари и Тимеа Башчински, која со 2-0 (6-1, 6-2) во сетови ја совлада шпанската тенисерка Сара Сорибес Тормо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top