| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилковски обелоденува сценарио: Владата на ВМРО-ДПМНЕ се сруши за да се смени името, целата операција ја навлекува и Русија

Се сруши ли Владата на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се смени името – запраша новинарот Наум Стоилковски на својот фејсбук профил.
Нема место за чудење зошто Ахмети даде изјава со која делумно ретерира од Тиранската Платформа. Едноставно е. Владата на ВМРО се сруши однадвор, на сила, за да го решат проблемот со името на штета на Македонија, и со тоа да се острани пречката за влез во НАТО.  Тоа е главната, примарна цел. Се друго е второстепено – пишува Стполковски.
naum-stoilkovski-1-768x432Според него надворешните сили кој го водат процесот увидоа дека Тиранската Платформа е нешто што може да ја попречи главната цел и сериозно да ја влоши позицијата на Заев. Поучени од реакцијата на народот кој протестираше 80 дена, реакцијата на ВМРО со филибастерингот во парламентот и реакцијата на Претседателот Иванов, сфатија дека Тиранската Платформа може да го загрози главниот проект и, како што посочува новинарот, побараа од Албанците да се задоволат со помалку, со нешто што нема многу да ги иритира Македонците и другите етнички заедници.
Веројатно им ветиле дека сега ќе има прва фаза, а откако ќе се реши името и поканата за НАТО, како и преговорите за ЕУ, ќе им помогнат и во обидот за втора фаза.
Ахмети не само што е прагматичен, туку исто како сите албански политичари, не помислува да се спротивстави на странците.
Се отвора пат за смена на името. Веројатно претходно како одреден вовед, подготовка и оправдување дека досега недостасувале реформи, ќе се поминат 10- тина “европски закони” по препораките на ЕУ, популарно наречени “реформи на Прибе”. Одкога ќе се изгласаат, ќе кажат дека сега откако се направени реформите, земјата ќе оди напред. А, тоа што ќе го “реформираат”, е реформирано и пред 5 и пред 10 и пред 15 години,исто така од меѓународната заедница, ама сега тоа не важи и нечини, а новото ќе кажат дека ќе чини.
Потоа ќе го поминат законот за јазици, веројатно без оние контраверзни барања поврзани со парите, униформите и слично.
Е потоа се знае- следи името.
Дали пред, но поверојатно по локалните избори.
Во меѓувреме ќе го замајуваат народот со бркање вештерки преку СЈО, ќе отвораат истраги, обвиненија, ќе апсат и ќе прават истовремено повеќе популистички “укинувачки” мерки како укинување на радиодифузна такса, укинивање на екстерното тестирање, алкохол да се купува и после 21 часот, па минимална плата која нема да се почитува онаму каде таа е и најважна, работниците текстилци, и други популистички мерки.
Ќе има обид да се направи позитивна еуфорија за да се зголеми довербата кон социјалдемократите, за да се намали довербата кон ВМРО- ДПМНЕ. Нив ќе ги презентираат како криминалци и корумпирани, како нечовечно алчни лажговци.
Странците ќе го канат Заев на средби со поважни лидери, а да не се изненадиме ако му наместат и приеми кај Трамп, Меј, Макрон, Меркел. Тоа е дел од шемата за подготовка на јавноста.
Многу такви и ќе дојдат и ќе гледаме „паѓања во несвест“ што Заев станал премиер; а можно е да дојдат луѓе од калиброт на секретарот на САД Тилерсон, германскиот министер Габриел, премиери на поважни земји, и сите до еден на цел глас ќе го фалат Заев како голем реформист и човек кој земјата и народот го носи во светла иднина.
Се ќе е тоа дел од сценариото за побезболна смена на името.
Имајќи во обзир дека СДСМ, ДУИ, ДПА, а делумно и БЕСА се под контрола на меѓународната заедница, ВМРО-ДПМНЕ како прозападна партија која сеуште за вакви крупни прашања носи самостојни одлуки, ќе биде под жесток притисок да го поддржи планот кој следува.
Доколку одбие, против неа и нејзиното раководство ќе се оди брутално и со сите расположливи средства, дозволени и недозволени. Како ќе постапи раководството и лидерот на партијата во обид да не се изедначи со останатите партии за прашањето за името, и истовремено да преживее од ударот кој следи, останува да видиме.
Како и да е, таквиот пристап кон ВМРО-ДПМНЕ ќе создаде и еден сериозен ризик. Нејзиното хибернирање под притисок на западот, или кршење, уништување, или само замолчување, ќе отвори бришан простор за нова партија финасирана директно од Русија. Колку и да има забелешки западот на ВМРО-ДПМНЕ, колку и во моментов да им пречи, сепак ВМРО-ДПМНЕ не само што е прозападно ориентирана, туку во минатите три години издржа неверојатен стрес- тест, во смисла на неменување на стратешката ситуација, дури и на жесток напад токму од стратешкиот партнер.
Дали локалните преставници на западните сили ќе можат долгорочно да размислуваат во оваа операција е прашање. Но нивните претпоставени веројатно знаат дека и досегашниот удар врз ВМРО-ДПМНЕ веќе создаде голем интерес на Русија најпрво да ја освои благонаклоноста на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа откако тоа не се оствари, и зачетоци на размислувања за создавање на трета опција директно солидно финасирана и логистички поддржана од Москва – пишува Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top