| четврток, 6 декември 2018 |

Душко од Турција ја преколнувал Јелена: Те молам не прави го тоа!

дуско

Јелена Карлеуша неодамна имаше операција, а како што таа сама истакнала станува збор за минорен женски гинеколошки проблем. Сепак таа многу брзо се врати на секојдневните обврски, иако како што рекла и самата не може ни да се накашла како што треба. Од тогаш настанале и проблемите во семејството. Имено, додека сите ја убедувале дека треба да одмора, таа не сакајќи да глуми жртва, се вратила на секојдневните обврски, вклучувајќи ги и напорните снимања на Ѕвездите на Гранд, но и настапите.

И додека лекарите ѝ забраниле да настапува барем два месеца, таа во саботата настапувала во Германија.

-Очекувано, Душко најмногу е загрижен за Јелена, па побеснел кога слушнал дека прифатила да настапува во клуб и тоа една ноќ по настапот на Брена. Никој не ни помислил дека Карлеуша би се нафатила на настап само четири недели по операцијата. Сепак таа прифатила, иако Душко ја молел да не настапува. Тој ја преколнувал да не настапува, бидејќи тој и онака заработува добро. Сепак на крајот се откажал, бидејќи со Јелена никој досега не излегол на крај – рекол извор близок на Јелена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top