Жителите на Сплит веќе со години немаат мир ни сон поради педесетина птици, пауни, кои последниве години доста се размножиле, а покрај тоа многу се гласни, пишува Слободна Далмација.
Овие пауни живеат на тврдината Грипа, уште од времето на поранешна Југославија, кога таму ги донела поранешната ЈНА.После војната припадниците на ЈНА ја напуштиле државата, а пауните останеле незгрижени, па се спуштиле меѓу луѓето. Тогаш бил само еден пар на пауни, но после години и години размножување, сега ги има околу 50.
Мештаните велат дека после 3-4 часот наутро веќе никој не може да спие, бидејќи пауните тогаш се будат и почнуваат да крештат, од март до јуни, бидејќи тогаш им е времето на парење, па се и најгласни.
Освен гласните звуци на птиците,жителите се жалат на тоа дека пауните ги напаѓаат автомобилите, посебно црните во кои се гледа нивниот одраз, па се тепаат со нив.
Од Градот порачуваат дека тие немаат никакви законски овластувања за фаќање на пауните. Дополнителен проблем е што Сплит веќе нема зоолошка градина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.