Од вчера во околината на Сплит, но и на уште неколку места на хрвастското крајбрежје, беснеат големи пожар со кој пожарникарските служби од цела Хрватска се уште се борат да ги неутрализираат.
Една жителка на местото Потстрана, кое исто така било зафатено од пожарите, а се наоѓа во близина на Сплит, на Фејсбук раскажала за тоа како ја преживува оваа трагедија.
– Синоќа околу 1 часот по полноќ морав итно да го напуштам мојот дом. Си заминавме без ништо во нашите раце, прегрнати и среќни само што сме заедно. Со часови не знаевме дали ни гори станот. Колку повеќе гледав вести, толку помалку и ми беше грижа за нашиот дом, а повеќе ми беше тешко за оние на кои гледав дека куќите им горат. Јас утровор се вратив во мојот дом, а некои немаа каде. Затоа ве молам, ако познавате некој на кој му е потребна помош, направете се за да му помогнете.
– Ноќеска бевме сведоци на чудо. Чудо кое го направија луѓе. Марко, Дује, Иван, Горан се бореа за да спасат домови на луѓе кои не ги познаваат и тоа со натчовечки напори. И членовите на навивачките групи Торцида и Бед Блу Бојс се сриклучија на гаснењето и повеќе не сакам да слушнам некој да ги нарече хулигани. За мене и тие се херои, пишува Ана Б.
Само во близина на Сплит околу 380 пожарникари со помош на 102 пожарникарски возила се борат против огнената стихија која се доближи до градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.