Поради тоа што случајот не е пријавен од ниту еден граѓанин, Јавното обвинителство и МВР не го бараат синот на сопственикот на скопската телевизија „Амазон“, кој дивјачки навредуваше еден постар граѓанин, а потоа врз него истури и пиво.
И покрај тоа што врз основа на допрен глас од јавноста може да се поведе постапка и да се утврди дали во овој случај има основа за кривично гонење за предизвикување насилство, овие две институции молчат.
Од објавеното видео се гледа дека насилникот од големо пивско шише истура пиво на бабичката и со тоа потврдува дека пие алкохол додека вози, што може да значи дека во иднина ако ја повтори постапката може да ја загрози јавната безбедност и да предизвика општа опасност.
Своевремено против лице од скопската населба Драчево се водеше постапка откако тоа со „непозната течност од уста“ го нападна тогашниот претседател, сега покојниот Киро Глигоров, за време на прославата на Крушево на втори август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?