| четврток, 6 декември 2018 |

Овации за последниот меч на Лазаров (видео)

Кире Лазаров со овации беше испратен од домашната публика на последниот негов натпревар за Барселона во „Блауграна“.


По четири години во дресот на каталонскиот тим со кој стигна и до првата шампионска титула во Лигата на шампионите, 37-годишниот македонски капитен од следната сезона се сели во францускиот Нант.

„Киро, ти благодариме за се“, му порачаа навивачите на Барселона на македонскиот бомбардер кој во изминативе четири години по ред беше најдобар стрелец на трофејниот шпански тим.

Gracias Lazarov por los titulos has hecho

A post shared by jordi fortes (@jordifortes) on


Во прошталниот меч за Лазаров, но и за данскиот пикер Јеспер Нодесбо, Барселонаја совлада Хуеска со само еден гол разлика (30-29) забележувајќи ја 30 победа во исто толку одиграни натпревари сезонава во АСОБАЛ лигата. Кире Лазаров во својот последен натпревар во Блауграна постигна шест гола од седмерец и заедно со Раул Ентрериос одново беше најефикасен во составот на Барселона.
kire1
Лазаров си заминува на крајот од сезоната по четири години (2013-2017) во шпанската екипа, а од наредната ќе ги брани боите на француски Нант. Македонскиот репрезентативец ќе си замине како најдобар стрелец во сите четири сезони во Шпанија со вкупно 513 гола во АСОБАЛ лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top