| четврток, 6 декември 2018 |

Развод по 17 години брак

Американскиот актер Бен Стилер и неговата сопруга, исто така актерка, Кристин Тејлор соопштија дека се разведуваат по 17 години брак.

Стилер и Тејлор се во брак од мај 2000. година и имаат две деца.

Сопружниците во заедничкото соопштение наведоа дека нивниот приоритет по разводот и понатаму ќе бидат децата.

-Ги замолуваме медиумите да ја почитуваат нашата приватност во овој момент, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top