Лондонските ривали Челси и Арсенал денеска (18.30 часот) на „Вембли“ ќе ги одмерат силите во финалето на ФА Купот на Англија. „Сините“ посакуваат да освојат нов трофеј, и да го додадат на шампионскиот, а за Арсенал тоа е добар начин да се спаси сезоната откако „топчиите“ не успеаја да изборат пласман ниту во квалификациите за Лигата на шампионите.
Менаџерот на Челси, Антонио Конте, најавува жестока борба и посакува неговиот тим да стигне до пехарот.
– Арсенал е сега како ранет лав, сака да го освои пехарот и на некој начин да ја спаси сезоната. Но, ние не размислуваме за нив. Сакаме да го освоиме и овој трофеј, да бидеме најдобри и во ФА Купот на Англија, и со такви мисли ќе истрчаат фудбалерите на „Вембли“. Им реков, ако го загубиме денешното финале, никој нема да зборува дека сме шампиони, туку дека сме губитници од ФА Купот. Затоа, нашата цел е јасна, одиме на нов трофеј – истакнува Антонио Конте.
Челси важи за фаворит во пресрет на финалето, со оглед на подобрите игри во Премиер – лигата, но пред се и поради големиот број на повредени и казнети фудбалери во составот на Арсенал. Менаџерот Арсен Венгер нема да може да смета на Габриел, Кошиелни и Мустафи во одбраната, а на голот нема да биде и Петр Чех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.