Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале за формирањето на новата влада и за политичката ситуација во земјата и во регионот.
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје имал средба со американскиот амбасадор, Џес Бејли.
Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале за формирањето на новата влада и за политичката ситуација во земјата и во регионот.
„Ахмети истакна дека ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото. Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија“, информираат од ДУИ.
Други приоритети на новата Влада, наведува партијата на Ахмети, остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места.
Ахмети изразил уверување дека Македонија ќе има нова влада идната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.