Текстот насловен “Why We Hate you and Want to Fight You” (Зошто ве мразиме и зошто сакаме да се бориме против вас) беше објавен неколку месеци пред нападот во Манчестер, но јавноста дури сега започна да му обрнува внимание посериозно.
ИСИС борците ги открија топ шесте причини зошто толку многу го презираат Западот во текстот насловен “Зошто ве мразиме и зошто сакаме да се бориме против вас” неколку месеци пред Салман Абеди да се разнесе себеси во арената.
Неговата сестра Јомана тврди дека нејзиниот брат го извршил нападот кој резултираше со 22 мртви во знак на “одмазда” за американските воздушни напади во Сирија.
18-годишната сестра предизвика општ шок кога за Wall Street Journal изјави: “Мислам дека поради тоа што виде деца, муслимански деца како умираат насекаде – и сакаше одмазда. Тој ги гледаше експлозивите кои Америка ги фрла врз децата во Сирија и сакаше да се одмазди. Дали ја добил својата одмазда – тоа е помеѓу него и Бога” …
22 лица, вклучувајќи и деца на возраст од само 8, беа убиени, а други 119 повредени откако Абеди се разнесе на поп-концертот во Манчестер.
Текстот на ИСИС, кој се појави во 15-тото издание на нивниот весник Dabiq образложува зошто џихадистите се пеколот кој се стреми да го уништи Западот.
Отровниот текст започнува воспевајќи го Омар Матен и неговиот напад врз Pulse, геј ноќниот клуб во Орландо, Флорида, минатиот јуни.
Тој започнува вака: “Кратко време по благословениот напад на содомитите (луѓе кои практикуваат анален сексуален однос), ноќниот клуб, за кој е задолжен Омар Матен, Американските политичари час поскоро се ставија себеси во центарот на вниманието осудувајќи го нападот, убиствата, прогласувајќи го за злосторство од омраза, акт на тероризам и чин на бесмислено насилство.
Злосторство од омраза? Да. Муслиманите несомнено мразат либерални содомити, исто како што и секој друг со најмала трага на фитрах (вродена човечка природа) која е се уште недопрена.
Акт на тероризам? Дефинитивно. На муслиманите им е заповедано да ги тероризираат непријателите и неверници на Алах.”
Писателот на текстот потоа продолжува набројувајќи ги шесте топ причини поради кои ИСИС сакаат да го уништат Западот – иако се чини дека две точки се набројани неколку пати.
1. Бидејќи сте неверници
“Ве мразиме, прво и основно, бидејќи сте неверници. Вие го одбивате единството на Алах (тој е единствен) – без разлика дали го разбирате ова или не – со тоа што му создавате партнери кои ги обожувате – вие богохулите против него, тврдејќи дека Бог има син – вие измислувате лаги за него, неговите пророци и гласници и се внесувате во секакви начини на ѓаволска пракса”
2. Бидејќи сте либерални
“Ве мразиме поради вашите секуларни, либерални општества кои ги дозволуваат токму оние работи кои Алах ги забрани, додека пак забранувате многу од работите кои Тој ги дозволи – прашање кое не ве загрижува бидејќи вашето Христијанство, неверување и паганизам ги одделува државата и религијата, а со тоа им доделувате врховна моќ на вашите каприци и желби преку пратениците кои сами ги изгласувате да ве водат.”
3. Затоа што некои од вас се атеисти
“Во случај на атеисти – ве мразиме и ќе водиме паќаме војна против вас поради вашето одбивање да верувате во постоењето на Господ, вашиот Создател.”
4. Поради вашите злосторства против Исламот
“Ве мразиме поради вашите злосторства против Исламот и плаќаме војна против вас за да ве казниме за вашите престапи против нашата вера.”
5. Поради вашите злосторства против Муслиманите
“Ве мразиме поради вашите злосторства против муслиманите, вашите дронови и воени авиони ги убиваат и ги сакатат нашите луѓе ширум целиот свет, а вашите марионети во узурпираните земји на Муслиманите ги угнетуваат, ги тортурираат и спонзорираат војна против секој кој се повикува на вистината.”
6. Поради тоа што ни ја окупиравте земјата
“Ве мразиме поради тоа што ни ја окупиравте земјата и ќе се бориме и ќе ве избркаме од тука. Се додека постои макар една педа територија која ни преостанува да си ја вратиме назад, џихадот ќе продолжи да биде лична обврска на секој муслиманин.”
Во овој текст заклучува дека додека надворешната политика навистина е проблем, главната причина поради која тие ќе креираат пекол е поради тоа што навистина го мразат Западот премногу.
Тука се вели: “Она што е важно да се разбере е дека иако некои можат да дискутираат дека вашата надворешна политика е она што го прави толку голем степенот на омраза во нас, оваа причина поради која ве мразиме е секундарна, токму поради тоа е последна набројана во текстов. Факт е дека, дури и ако се најдеме во ситуација во која конечно ќе го сопрете бомбардирањето врз нас, затворањето, измачувањето, понижувањето, угнетувањето и узурпирањето на нашата земја – ние ќе продолжиме да ве мразиме бидејќи нашата примарна причина за омраза нема да престане да постои додека вие не го прифатите Исламот.”
Исис ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Манчестер пред четири дена. Терористичката група изјави во соопштение: “Со благослов и поддршка од Алах, еден војник од Калифатот успеа да постави експлозивна направа во средината на собир на крстоносците во Англискиот град Манчестер.”
извор Точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.