Погледнете ја оваа кратка листа составена од знаци кои имаат најмногу тежок карактер.
ЈАРЕЦ
Супер независен знак! Не му е гајле да тргне против мислењето на сите останати. Тврдоглавоста е неговото второ јас и ќе ви биде навистина тешко да го натерате да направи нешто што не сака.
Комуникацијата со него исто така не е лесна, бидејќи тој ги презира повеќето луѓе (тие едноставно не се на неговото ниво) и комуницира со нив поради должност или од досада.
А доколку го додадеме неговиот вроден работохолизам, да му бидете интимен партнер не е лесна задача,која е придружена од десетици компромиси кои ќе ви се наметнуваат да ги правите секој ден.
ВОДОЛИЈА
На прв поглед, ведра, забавна и колоритна личност. Но овие квалитети како поминуваат во заден план, кога ќе го запознаеш.
Водолиите имаат навика да бидат „црна овца”. Скандалозни, со предизвикувачка визија, а нивното однесување често вели „вие мали, смешни луѓе, не знаете што е да живеете вистински”. И како за капак ја имаат нивната љубов за слободата. Овој знак секогаш ќе прави што сака.
Дури да си седи кротко и да го одобрува тоа со главата, додека му го наметнувате своето мислење и идеи, тој сепак ќе постапи како си одлучил. Да освоите Водолија под каква и да е форма, е категорично невозможно.
БЛИЗНАЦИ
Да, токму оваа забавна, сјајна и зборувачка личност, го зазема 3. тото место во рангирањето на најтешките карактери. И причините не се малку! Нивниот незапирлив карактер постојано ги води „некаде”.
Да се одржи нивниот интерес е доста тешка работа, особено на интимен план. Заштитната реакција е повеќе од ужасна – тие ставаат маска на рамнодушност, дури суровост. На зборови може и да ви покажат внимание кон вашето мислење, но тоа никогаш нема да стане важно за нив.
Близнаците се подмолен знак – создаваат впечаток за разбран човек, но всушност секогаш сакаат да биде по нивно. Без разлика по која цена!
ОВЕН
Конфликтна, импулсивна и бескрупулозна личност. Не размислува за последиците, може да истрела десет погрдни зборови во секунда и да те сруши психички само за момент.
Воопшто не му е гајле за мислењето на луѓето, тој е секогаш во право, а тие грешат. И како зачин на сетоа тоа, има огромни барања кон сè и секого. Пoјавата на себичност е доста честа, но тоа тој никогаш нема да го признае. Не ги признава своите грешки, и бара друг начин (на пример подарок) да си ја “откупи” вината. При тоа нема да пројави желба да се разговара за проблемот.
Да се разбереш со Овен е многу тешка задача. А дури и да успеете, мирот ќе продолжи максимум 23 дена.
ШКОРПИЈА
Кралот на најтешките карактери! Претставниците на овој знак земаат што сакаат и кога сакаат, без да се усогласат со никого.
Суров јазик, супер его и ниту грам желба за отстапување. Но најмногу страшни се кон партнерот – злобно љубоморни, опседнати, безмилосни. Измислуваат непостоечки престапи и со огромно задоволство го казнуваат партнерот за нив. Често се однесуваат кон луѓето како кон свои предмети.
За да преживееш до нив, треба задолжително да голташ и да се согласуваш со секое нивно решение. Едно пријателство или врска со Шкорпија може да ви нанесе емоционална штета за цел живот!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.