| четврток, 6 декември 2018 |

ПЕТ-центарот ќе овозможи прецизна дијагноза и детектирање дури и на само една малигна клетка во организмот

todorov-1-640x426

Историски ден за ПЕТ-центарот во Македонија и за македонското здравство, напиша на својот профил на „Фејсбук“ членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

Денеска во посета на ПЕТ-центарот е г. Јукија Амано, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Поводот на оваа посета е финализирање на сите активности пред почнување на ПЕТ-центарот со работа со пациенти. Голема благодарност до Меѓународната агенција за атомска енергија за континуираната стручна поддршка. Заеднички успеавме да го изградиме најсовремениот и најсложениот здравствен објект во Македонија, единствен од ваков тип во поширокиот регион, напиша Тодоров.

2

Тој додаде дека ПЕТ-центарот ќе овозможи прецизна дијагноза и детектирање дури и на само една малигна клетка во организмот, прецизно следење дали е ефикасна терапијата кај пациентите со малигни заболувања, како и производство на радиоактивни изотопи за медицинска употреба.

4

3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top