Американскиот претседател Доналд Трамп ја нападнал Германија и нејзината продажба на автомобили во САД на средбата со лидерите на Европската унија, тврди интернет-страницата на неделникот „Шпигел“.
Присутен извор на средбата за германскиот весник открил дека Трамп за Германците немал пофални зборови.
– Германците се лоши, многу лоши. Погледнее колку милиони автомобили продаваат секоја година во САД. Тоа ќе го запреме – рекол американскиот претседател.
По оваа негова изјава Јункер интервенирал, открил изворот и енергично ја бранел Германија, тврдејќи дека слободната трговија им користи на сите.
Инаку, Трамп и Меркел треба да се сретнат на самитот Г-7 во Таормина, Сицилија, в петок.
Засега, ниту канцеларката ниту Белата куќа не ги коментираа тврдењата на Шпигел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.