| четврток, 6 декември 2018 |

Не е никакво изненадување, Боатенг ги посочи играчите против кои му е најтешко да игра

zerom boateng

Германскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Џером Боатенг ги одбра играчите кои најмногу го испотиле и му прават проблеми кога мора да се соочи со нив на зелениот терен.

Неговиот избор и не е големо изненадување, зошто станува збор за асовите кои доминираат во овој спорт во последнава деценија, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

– Меси и Роналдо се најтешки, ама исто би ги спомнал Нејмар, Азар и Бензема на таа листа. Меси едноставно не можете само да го запрете, а пак со Роналдо е полесно зошто е атлетски помоќен. Роналдо ја промени играта, сега помалку е фоксиран на дриблинзи, а повеќе на завршницата. Тоа е уште потешко да се брани зошто има перфектен тајминг -истакнал Боатенг за „Билд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top