СДС да собере храброст и што е можно поскоро да овозможи одржување редовни локални и предвремени парламентарни избори, апелира ВМРО-ДПМНЕ. Додека СДС е синоним за деструкција и интриги, ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти, реализира реални, конкретни проекти, создава и гради, работи за сите граѓани и за државата, и ги штити нивните интереси.
– Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за сите граѓани, СДС влегува во нови интриги и манипулации со ветувањата на Заев за воведување консензуална демократија. Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од тиранската платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза – наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овој временски период, информира партијата, гради 200 километри гасоводна мрежа и три гасоводни линии, Скопје - Тетово - Гостивар, Штип – Неготино и Неготино – Прилеп-Битола.
– Ги правиме најголемите инфраструктурни зафати во историјата на Македонија, истовремено работејќи на три автопати, Демир Капија – Смоквица, кој е речиси финиширан, Миладиновци - Штип, кој е во крајна фаза на реализација и Кичево – Охрид, на кој, исто така, интензивно се работи, како и експресниот пат Штип – Кочани – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)