Анхел ди Марија е засилувањето со кое Интер ќе се обиде да докаже дека планира атак на самиот врв на италијанскиот фудбал. Весникот „Кориере дело спорт“ во своето денешно издание објави дека преговорите меѓу Интер и ПСЖ се наоѓаат во завршна фаза откако „нероаѕурите“ испратиле понуда од 50 милиони евра, сума на која „светците“ го имаат проценето поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на Бенфика.
Како што јавува тиражниот италијански весник, сериозен интерес за Ди Марија во последните денови искажал и Јувентус, но „старата дама“ не сака да влезе во наддавање и да плати нереална сума за овој фудбалер. Во една таква ситуација, широко се отворени вратите за ПСЖ да го продаде Аргентинецот токму во Интер, откако самиот Ди Марија дал согласност за овој трансфер без оглед на фактот што „нероаѕурите“ во следната сезона нема да бидат дел од европските купови. Истрагата на француската полиција против Ди Марија поради наводно затајување на данок е причина повеќе за крилниот офанзивец да инсистира на што побрзо заминување од Париз, а раководството на ПСЖ не е премногу задоволно од него поради преголемите осцилации во формата, па нема да прави проблеми за заминување, особено при понуда од 50 милиони евра.
Воедно, Интер и ПСЖ ќе ги зближат своите релации во ситуација кога „светците“ тргнаа во офанзива по Иван Перишиќ, фудбалер за кого се заинтересирани и Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед.Анхел ди Марија е засилувањето со кое Интер ќе се обиде да докаже дека планира атак на самиот врв на италијанскиот фудбал. Весникот „Кориере дело спорт“ во своето денешно издание објави дека преговорите меѓу Интер и ПСЖ се наоѓаат во завршна фаза откако „нероаѕурите“ испратиле понуда од 50 милиони евра, сума на која „светците“ го имаат проценето поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на Бенфика.
Како што јавува тиражниот италијански весник, сериозен интерес за Ди Марија во последните денови искажал и Јувентус, но „старата дама“ не сака да влезе во наддавање и да плати нереална сума за овој фудбалер. Во една таква ситуација, широко се отворени вратите за ПСЖ да го продаде Аргентинецот токму во Интер, откако самиот Ди Марија дал согласност за овој трансфер без оглед на фактот што „нероаѕурите“ во следната сезона нема да бидат дел од европските купови. Истрагата на француската полиција против Ди Марија поради наводно затајување на данок е причина повеќе за крилниот офанзивец да инсистира на што побрзо заминување од Париз, а раководството на ПСЖ не е премногу задоволно од него поради преголемите осцилации во формата, па нема да прави проблеми за заминување, особено при понуда од 50 милиони евра.
Воедно, Интер и ПСЖ ќе ги зближат своите релации во ситуација кога „светците“ тргнаа во офанзива по Иван Перишиќ, фудбалер за кого се заинтересирани и Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид
-
Кондогбија нема намера да се враќа во Интер: Таму е хаос