Американскиот претседател Доналд Трамп воведуваше ред во Брисел. Овојпат подебелиот крај го извлече премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, кого Трамп го истурка на страна.
Имено, за да се пробие до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Трамп без пардон го турна настрана Марковиќ за да застане во првите редови.
Снимката на која се гледа како Марковиќ се насмеал на овој Трампов гест, брзо се прошири по интернет.
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, рекол дека не ја видел снимката, но дека претпоставува оти Трамп одел на своето предодредено место, навел „Ројтерс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)