| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинската причина поради која Меланија и Иванка се покриле со црн вел во Ватикан (Видео)

Првата дама и првата ќерка на САД, Меланија и Иванка Трамп, носеле вел кога биле во посета на Ватикан, и притоа се запознале со папата Франциско. Тие се придржувале до правилата за облекување за приватна аудиенција кај папата, следејќи ја долгата традиција на првите дами пред нив.

Според протоколот на Ватикан, жените кои имаат средба со папата се обврзани да носат долги ракави, црна облека и вел кој им ја покрива главата”, рекла Стефани Гришам, директорка за комуникација на првата дама.

Според пишувањето на британски Телеграф, жените кои ќе се сретнат со папата традиционално мора да носат црна облека, долги ракави и мантил, вел од чипка кој се носи во Римокатоличката црква. Некои католички кралици и принцези смеат да носат бело. Но, папата Франциско е поблаг кога станува збор за правилата за однесување.

-Работите станаа малку порелаксирани во последните неколку години, не постојат цврсти и брзи правила, рекол портпаролот на Ватикан за Teлегарф.

Сепак, Меланија и Иванка не ризикувале со облеката при средбата со папата.

-Моето мислење е дека госпоѓа Трамп е облечена совршено. Беше елегантно облечена во склад со настанот”, рекол новинарот на БИ-БИ-СИ Дејвид Вили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top