| четврток, 6 декември 2018 |

Дури 15 години се бори со мистериозна болест-жената на Владе Дивац не знае што и е!

vlade

Снежана Дивац, сопруга на прославениот кошаркар Владе Дивац, проговори за долгата и мачна борба со мистериозната болест која со години и го отежнува животот.

Снежана, која минатата недела одбележа 10 години од основање на својата фондација, откри кога и било најтешко во животот.

-Еден од потешките моменти е тоа што се  носам со болест веќе 15 години, која дури сега некако успевам да ја регулирам-рекла Снежана.

-Конкретно не се знае за која болест се работи. Лекарите не можат да кажат што е, ниту пак знаат што ми е. затоа не ме излечија. Секој има некоја мака, тоа е мојата.Но сфатив една работа, а тоа е дека мора да се помине низ некоја болка, низ некоја мака. Колку имате поголем успех во животот, со тој успех доаѓаат многу повеќе проблеми. Со успехот добивате повеќе непријатели, повеќе негативна ерегија,но тоа не треба да не запре во она што го правиме. Животот е краток, треба да се бориме и да оставиме нешт убаво зад нас-додала Снежана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top