| четврток, 6 декември 2018 |

Како ѝ кажав дека е посвоена: Имаше 4 години и ме праша „Мамо, а ти мене ме доеше?“

132270_divac-003_ff

Кошаркарот Владе Дивац и неговата сопруга Снежана иако имаат двајца биолоки синови, Марија и Лука, пред 19 години ја посвоија ќерката Петра.

Снежана вели дека од секогаш сакала да посвои дете, а Петра од секогаш знаела дека е посвоена, зашто тоа не е нешто што треба да се крие од детето.

-Таа само на друг начин влезе во нашето семејство, Љубовта е апсолутно иста. Тоа е како кога правиш второ дете и се плашиш дека нема да го сакаш како првото. Имаше 3-4 години кога ѝ кажав. Кај нас дојде пријателка која доеше бебе и Петра шраша дали сум ја доела. Ѝ реков дека не сум ја доела. Потоа ме праша дали сум ги доела Матија и Лука, ѝ реков дека сум ги доела. Секако, потоа ме праша зошто неа не сум ја доела. Ѝ реков: „Зашто не сум те родила“. Ѝ одговарав на нејзините прашања, раскажува Снежана. Снежана вели дека се трудела да биде 100% искрена со децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top