Членот на олимпискиот комитет на Србија и еден од најголемите кошаркари во светот на сите времиња, Владе Дивац по неколкуте информации од српските медиуми дека се разведува од својата сопруга Снежана, ја демантира веста на својот твитер профил.
Во моментов Владе Дивац се наоѓа во Рио каде е дел од српската делегација на Олимписките игри кои започнаа доцна синоќа, а објави и фотографија со својата сопруга каде се гледа дека брачниот пар е среќен.
Демантирајќи ја веста, тој не пропушти прилика да ги нападне и новинарите на српски „Блиц“ кои први ја пласираа веста за наводен развод од сопругата.
– На болните луѓе од „Блиц“ по долгата хајка кон моето семејство сакам да им заблагодарам за информацијата дека се разведувам, не знаев. Ужувајте! – порача Дивац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.