| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата на фестивалот „Петар Кочиќ“ за „Трудна приказна“ на Театар Комедија

Наградата „Чекор во храброст“ која се доделува на интернациланиот театарски фестивал „Петар Кочиќ“ во Бања Лука, Република Српска ја доби претставата „Трудна приказна“ на Театар Комедија.

Жирито на Радио и телевизија на Република Српска во состав: Јелена Којовиќ  Тепиќ, новинар, Бранко Лазиќ, режисер, Мишо Коциќ, режисер, наградата ја доделиле едногласно, информираат од Театар Комедија.

Меѓународниот театарски фестивал Театар фест „Петар Кочиќ“, по специфичната форма е единствен театарски фестивал во Република Српска и во Босна и Херцеговина. Фестивалот претставува меѓународен собир на млади, професионални уметнички групи од Босна и Херцеговина и од светот, кој се организира во алтернативни театарски изрази.

Театар фест „Петар Кочиќ“ е фестивал што ја цени и промовира современа драма на регионот, а оваа година акцентот е ставен на драмски дела од автори од Хрватска, БиХ, Србија, Македонија и Црна Гора.

Во продожение ви ја проследуваме официјалната одлука на жирито:

“Формално искршено, но строго контролирано и мошне вешто, Театар Комедија од Скопје полемизира со стереотипите, кои најчесто се пласираат како традиционална вредност, ги преиспитува во контекст на една замислена иднина. Во еден од најтешките геополитички моменти за Македонија, ансамблот на овој театар, иако низ комична призма, вистински ја предочува  вистината за Македонија и нејзината реалност пред  лицето на јавноста. Вистината е, како и обично на Балканот, тешка и болна, но, благодарение на одличните изразни средства, особено интелигентниот драмски текст, а и брилијантната актерска игра, режија, користењето сајбер елементи. Сето ова Театар комедија го пакува во раскошна форма и покажува дека театарот секогаш сè смее да каже, но само доколку знае како“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top