| четврток, 6 декември 2018 |

Творештвото на Венко Андоновски вечерва во фокусот на бугарската јавност

Творештвото на истакантиот македонски писател Венко Андоновски вечерва ќе биде во фокусот на бугарската културна јавност. Културно-информативниот центар на Македонија во Софија заедно со Софискиот универзитет го организира книжевниот портрет на овој автор.
За делото на Андоновски ќе зборува деканот на Факултетот за словенски филологии, Панајот Караѓозов, директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, Васко Шутаров, како и режисерот Владлен Александров, кој неколку пати има поставувано дела од Андоновски. Првата соработка беше во театар „Комедија“ на претставата „За секого по една“, а на сцена во Софија ја постави драмата „Бунтот во домот за старци“.
Во програмата ќе учествуваат бугарските актери Албена Колева и Стојан Алексиев, во музичка придружба на нашата харфистка Сара Костадиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top