| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Комедии“ од Венко Андоновски во Театар Комедија

Утре, на 19 октомври, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Комедии“ од Венко Андовски во Театар Комедиија. „Комедии“ е збирка на комедиите на еден од најпопуларните писатели на македонската литературна сцена. Овие верзии се сценските изведби на текстовите „За секого има по една“ во режија на Владлен Александров и „Господарот на кукавицата“ во режија на Андреј Цветановски, и двете праизведби на репертоарот на Театар Комедија.

Оваа книга е прва во едицијата „Комедии“ кои Театар Комедија ќе ги издава и со тоа ќе ја почне својата издавачка дејност. Досега театарот има поставено шест праизведби на својот репертоар како дел од политиката за зајакнување на националната драматургија, со цел создавање фонд на македонски современи комедии и формирање на своја едиција за издавање на македонските комедии поставени во Театар Комедија.

На промоцијата на книгата ќе се обрати директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, Лилјана Мазова како приредувач и промотор на книгата, и самиот автор – Венко Андоновски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top