| четврток, 6 декември 2018 |

Романот „Вештица“ на Венко Андоновски преведен на унгарски јазик

Еден од бестселерите на македонската книжевност, романот „Вештица“ на Венко Андоновски, по изданието на француски јазик, сега се појави и на унгарски.

Романот го издаде унгарскиот издавач „Накпут Кијадо“, а преводот е на Анамарија Панзова.

Инаку, ова е петти јазик на кој е објавен „Вештица“. Претходниот роман на Андоновски, „Папокот на светот“, досега е објавен на осум јазици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top