Турските арбитри без без проблем си ја завршија работата, но незадоволен од разликата во однесувањето на кошаркарите на МЗТ и Карпош Соколи ја покажа, поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ. Тој на војот Фејсбук профил за да ги истрола играчите на двата тима, и тоа во свој стил без влакна на јазикот.
„Го гледам натпреварот МЗТ – Соколи и сакам да ги прашам сите тие играчи што на секоја одлука на нашите судии им се внесуваа во фаца, а сега кога се дојдени судии од друга држава (за квалитетот на арбитрите странски, откако ќе заврши моето првенство – за тројца на натпреварот што се во моментов да појаснам) дигаат рака, се согласуваат со секоја одлука и сите се задоволни.
Заклучок: Нашите судии се лоши или другиве (играчи, тренери и се останато – учесниците на натпреварот во моментов) немате грам мадиња!!! Па гледајќи го првото полувреме направија 100 грешки, а никој никаква реакција)
Заклучок: Сѐ е подобро од македонското!!!
Со мадиња и став се раѓаат луѓе – не се прават преку ноќ!!!
Поздрав oд небитниот…“, гласи статусот на Перо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.