| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатни трансформации: Македонките полудеа по хроно исхраната: Јадете се, а слабеете и до 20 килограми месечно!

Во последно време трендот на режим на хроно исхрана расте. Речиси секоја втора жена од Балканот полуде по овој начин на исхрана и диета, а крајните резултати се неверојатни. Брзо и здраво слабеење.

hrono-naslovna

На Фејсбук групата „Хроно исхрана- Др. Грифинг“, 190 000 членови од Србија, Македонија и Хрватска секојдневно споделуваат позитивни искуства од овој вид на исхрана. Резултатите се зачудувачки, а жените кои ја држат диетата презадоволни. Кај хроно исхраната најважно е да имате редовни „термини“ за јадење во денот. Се доручкува секој ден во точно време, се руча по 5-6 часови, а по исто толку и се вечера. Хронос на грчки јазик всушност значи време, па од таму и самото име на исхраната кажува дека најважни се временските интервали на јадење.

hrono-rezim

Еве неколку совети за хроно исхраната:

  • Не смее да јадете помеѓу трите главни оброци. Најадете се убаво за време на главниот оброк, особено за доручекот, бидејќи не смее да бидете главни помеѓу оброците и да добиете желба за грицкање.
  • Оваа диета не бара да јадете само пилешко месо и риба, туку дозволува секакво месо, па дури и мрсно. Може слободно да си јадете свинско, телешко, но најважно е тоа да биде без леб.
  • Не треба да се претерува со овошје, во првиот период на рестрикција. Иако е здраво, сепак содржи шеќери, па затоа наместо овошје, јадете многу зеленчук.
  • Немојте да пиете кафиња 3 во 1 или 2 во 1. Не се здрави, а содржат и многу состојки кои не треба да ги внесувате за време на диета. Пијте кафе без млеко и без шеќер. Ако не можете да издржите без млеко, тогаш може да додадете бадемово млеко. Важно е и да не конзумирате кафе пред доручек, туку млака лимонада.
  • Не претерувајте со бадеми и не ги грицкајте помеѓу оброци. Сепак бадемите се калорично овошје.

 

извор:македонија денес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top