Пукна „тиквата“ меѓу двајцата сонародници Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо, а двајцата Португалци воопшто и не зборат меѓусебе. Конфликтот трае од пред неколку месеци, кога Роналдо тешко ги истрпел критиките на Мурињо, дека не дава полн придонес и во одбранбените задачи.
„Немавме никакви проблеми во поголемиот дел од заедничката соработка во Реал. Напротив играта на тимот беше подредена на Кристијано, што се потврдува со фактот дека е најдобар стрелец на клубот. Но проблем е што тој мисли дека знае се и дека тренерот не може да му помогне да биде уште подобар. Кога го критикувате од тактичка страна, Кристијано воопшто не ги прифаќа сугестиите“, изјави Мурињо. И разделбата меѓу нив двајца била со студен однос, што го презентираа и медиумите во Шпанија со фотографии. Мурињо си замина во Челси, а речиси сигурно таму не оди и Роналдо, иако одбова да потпише нов договор со Реал Мадрид. Сегашниот му истекува во 2015 година, а каде и дали ќе замине Кристијано ќе се знае можеби и ова лето. Од „кралскиот клуб“ велат дека нема да дозволат тој да си замине за две сезони, како слободен играч, при што Реал не би заработил ништо. Тие му понудија и нов договор со многу подобри услови, но засега Роналдо одбиова да го потпише.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.