По „Чипенделс“ (Chippendales), „Авалон продукција“ организира втор проект – авторскиот хит „Ѓурологија“ на легендарниот босански актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, која во моментов е најгледана претстава на подрачјето на поранешна Југославија!
Авторот на популарниот и наградуван сараевски актер, режисер, хуморист, „надреалиста“, Бранко Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје и проектот ќе биде изведен на 5 и на 6 јуни во Македонската Опера и Балет.
-Ѓуро во последниве неколку години, буквално, полни и спортски арени како на Балканот, така и во Америка и Канада. Со босански шарм и долгогодишно актерско искуство, кое посебно се истакна во култниот проект „Топ-листа надреалиста“, публиката, дефинитивно, ќе ужива во претставата „Ѓурологија“ – велат организаторите.
Бранко Ѓуриќ- Ѓуро по 25-годишна кариера се чини дека дури и не мора да направи нешто ново, со оглед на неговите досегашни остварувања, како: „Топ листа надреалиста“, легендарните стари филмови, хитовите на „Бомбај штампа“… Тој вели дека квалитетот на хуморот не е променет, туку луѓето денес поретко се смеат, а со својот нов хит „Ѓурологија“ го покори регионот со смеењето.
-Продажбата на влезниците за „Ѓурологија“ ќе почне од среда (15.2) точно во 9 часот, а влезниците ќе чинат 800 денари. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, „Југотон“, како и онлајн. Ќе има и ВИП влезници по цена од 1000 денари, кои нема да бидат пуштени во продажба, туку ќе можат да се набават единствено преку резервација на телефонскиот број 077/945505 (секој ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела), информираат од „Авалон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.