Наместо помирување Федерика Могерини предизвика нова голема балканска битка, објави регионалниот Викигипс. Всушност, во Брисел се одигрувал еден голем политичко- љубовен трилер. Познато е дека до сега најкул фраер за Феди беше Еди. Откако Еди и од Феди доби „жут картон“ и техничка влада, таа му порачала дека ќе биде сменет со нов кловн! Како Зоран!
Според Викигипс, целата вечера кај Феди била порака до сите, па и до Еди, дека ако не се послушни, ќе бидат отцрпнати! Сепак, Еди не би бил Рама, да дозволи Зоран да биде Заев и да биде нова омилена играчка на Феди! Викигипс потсетува дека Еди, по желбата на Феди, го среди Зоки во Кабинетот на желките и халуциногените карти!
Не е тој глуп колку што е висок, ниту толку настинат да шмрка без престан, па да зборува и таму за големи Платформи на кои, за љубов на Феди, во Македонија ги качи сите со се Заев, и па сега да дозволи баш Зоран да ѝ биде новиот лакер на ножните палци!
Знаел Еди дека Феди му зела мерка и му крои ново одело, па на дело сакал да ѝ покаже дека само орелска канџа у патика најдобро оди со тие европски црвени ноктиња. Викигипс приложува и фото докази за таа комуникација. Јасно се гледа стисокот на раката; молбите со клечење во шалварите; Патиките спремни да отрча каде таа и да посака. Сѐ за таа пуста сина боја од сакото!
Сите други на вечерта, според Викигипс, биле статисти. Вклучително и примерокот Заев, кој ништо не разбрал, ама многу се израдувал што идолот Еди, откако му стигнал загубениот багаж, му го дал дресот да се фотографира со Феди. Фотографијата е направена по барање на Зоран, а Викигипс ја добил од приватната фото-документација на Заев. Сепак, според изразот на Феди, и во Брисел се увериле дека Заев е недоветен ниту за замена на кловн.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.