| четврток, 6 декември 2018 |

Разводот на векот, стана уште поскап-поранешната жена на руски тајкун бара неверојатна сума

razvod

Наталија Потанина, поранешната сопруга на рускиот милијардер Владимир Потанин, поднела нова тужба против него во која бара да и исплати 849,5 милијарди рубљи или околу 15 милијарди долари.

Потанина од судот бара да пресуди дека акциите во многу негови странски компании, но и имотот во руската компании Норилск Никел и Полус Голд, се стекнати во брак.

Наталија и Владимир Потанин беа во брак од 1983 година до 2014 година и имаат три деца. Рускиот тајкун во 2013 година побара развод откако и признал на Наталија дека е во врска со 15 години помлада девојка и дека има дете со неа.
Во 2014 година Потанин се ожени со својата втора жена, Катја, која претходно била вработена во неговата компанија. Со неа има две деца.

razvod2

Потанина веднаш после разводот доби 6,7 милиони долари и три парцели земјиште во Москва. Акциите на руските компании не можела да ги добие затоа што Владимир не бил директен сопственик.

Сепак, како што тврдат експерти за „Форбс“, таа според законот има право да бара половина од дивидентите од тие компании.

Наталија тврдела дека нејзиниот поранешен сопруг намерно се ослободил од имотот стекнат во бракот и го препишал на некој друг, за да не мора да и исплати ништо на неа.

razvod3

Наталија, во интервју за Гардијан, има изјавено дека и следува половина од богатството, затоа што кога се запознале, и таа и Владимир биле студенти без денар во џеб.

– Јас не се омажив за олигарх. Живеевме во станот на моите родители – рекла Наталија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top