| четврток, 6 декември 2018 |

Со роденденот на Ѓоковиќ првите пет тенисери влегоа во историјата

teniseri

Оваа недела Новак Ѓоковиќ наполни 30 години, а тој ден значеше нов историски рекорд во светскиот тенис. Имено, првите пет тенисери на листата на АТП се постари од 30 години, што се случува првпат во историјата на белиот спорт.

На првите две позиции, Енди и Новак имаат по 30, Вавринка има 32, Надал има 31, а топ 5 го заокружува најстариот и можеби најдобриот во историјата, Роџер Федерер, со своите 35 години. Некогаш гренслем-турнирите ги освојуваа тинејџери, а оние во 30-тите години се сметаа за ветерани.

Сега не е никаква сензација што Федерер на 35 години го освои Австралија опен, „отпишаниот“ Надал доминира на турнирите на земјена подлога, ниту фактот што Мареј и Ѓоковиќ се на првите две позиции на листата на АТП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top