| четврток, 6 декември 2018 |

Славната слика на Пикасо „Жена што седи во син фустан“ продадена за 45 милиони долари

Еден од најпознатите портрети на Пабло Пикасо, „Жена што седи во син фустан“, е продаден на аукција во Њујорк за неверојатни 45 милиони долари.

Портретот настанал во 1939 година, кога Пикасо имал 58 години, а на славниот портрет е прикажана љубовницата на Пикасо, Дора Мар.

Автентичноста, хиперсензитивноста и сензуалноста на Дора станале инспирација за Пикасо. За време на нивната бурна љубовна врска, која траела од 1936 до 1943 година, Пикасо насликал десетина портрети од Дора, а како инспирација му послужила и за познатата слика „Герника“ (1937 г.), во која Мар исто така е овековечена. Дора е и единствениот фотограф што успеал да го документира создавањето на „Герника“, од почетната  до финалната фаза.

Иако „Жена што седи во син фустан“ е продадена за 45 милиони долари, тоа сепак не е највисока цена по која е продадено некое дело на Пикасо. „Жени од Алжир“ е сликата што во 2015 година беше продадена на аукција за рекордни 179 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top