Врвниот сликар Пабло Пикасо е највлијателниот Шпанец во историјата на таа земја покажала една интернет-анкета која била спроведена неодамна во таа земја.
Зад него на листата следуваат Северо Очоа, Сантијаго Бернабеу…
Во интернет-анкетата главно учестувале млади лица, така што и резултатите што ги даде анкетата се интересни бидејќи на крајот тие избраа великани од минатото, а не денешни идоли кои се актуелни.
Првото место во анкетата го освои Пикасо (1881-1973), на второто место е научникто Северо Очоа (1905-1993), добитник на Нобеловата награда за физиолгија и медицина во 1959 година, а на третото место е Сантијаго Бернабеу (1895-1978), претседател на Реал Мадрид од 1943 година па до смртта.
Во анкетата Бернабеу, своевремено и фудбалер на Реал Мадрид, го победи четвртопласираниот, поетот Федерико Гарсија Лорка (1898-1936), оперскиот пејач Пласидо Диминго (1941), лекарот и научник Сантијаго Рамона. Меѓуте 10-те највлијателни Шпанци има само една жена, феминистката и адвокатка Клара Кампоамор (1888-1972), која историјата ја памети како голем борец за рамноправност на половите. Во 10-те највлијателни е и архитектот Андони Мауди (1852-1926) и сликарот Салвадор Дали (1904-1989).
Понатаму, на листата следуваат и поранешниот претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Хуан Антониот Самаран, познатиот готвач Геран Адрија, филмскиот режисер Педро Алмодовар, модниот креатор Кристобал Баленсијага, позниот креатор на чевли Маноло Бланик, филмскиот режисер Луис Буњел…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.