| четврток, 6 декември 2018 |

Слика на Пикасо продадена за рекордни 67,5 милиони долари

Сликата на Пабло Пикасо „Ноќниот пејач“ е продадена за 67,5 милиони долари на аукција организирана од „Сотби“ во Њујорк, на која беа понудени 122 дела на познатги уметници. Есенската аукција на „Сотби“ во Њујорк започна во средата вечер со продажба на 77 уметнички дела, кои беа во посед на колекционерот Алфед Таубман.

Делото на Пикасо е насликано во 1901 година, а неговата вредност пред аукцијата се проценуваше на 60 милиони долари. Сликата е дел од неговиот син период.

Сликата на Винсент Ван Гог „Пејсаж под бурно небо“ е продадена за повеќе од 54 милиони долари, додека рекордниот износ платен за некое негово дело е 82,5 милиони долари. Делото на импресионистичкиот сликар Клод Моне „Водени љиљани“ е продадено на аукција за 33,8 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top