| четврток, 6 декември 2018 |

И покрај слабата сезона во Премиер лигата, Мурињо со Манчестер јунајтед стигна до три трофеи

zoze murinjo

Оваа сезона Жозе Мурињо со Манчестер јунајтед заврши на шестото место во Премиер лигата, не играше во Лигата на шампионите, но ја спаси сезоната со три други трофеи. Најнапред го победи Лестер Сити во Комјуниту Шилд дуелот (Суперкуп на Англија), потоа го освои Лига Купот со победата после продолженија против Саутемптон и вечерва триумфираше во Лига Европа во Стокхолм.

Следната сезона на Португалецот и Манчестер Јунајтед ќе му почне од Скопје и мечот од европскиот Суперкуп и можноста да освои нов трофеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top