По неколкугодишните преговори меѓу челниците на клубовите и раководството на Премиер лигата, конечно најскапата, највозбудливата и најгледаната фудбалска лига на светот ќе добие зимска пауза.
Како што откриваат британските медиуми, ФА даде зелено светло за двонеделен „распуст“, но интересно е тоа што истиот нема да биде во декември или јануари, како што е примерот со другите првенство, туку кон средината на февруари.
Исто така, ова решение важи ќе се воведе од сезоната 2019/20 и ќе важи само за Премиер лигата, така што Чемпионшип и останатите лиги ќе си продолжат по стариот распоред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.