| четврток, 6 декември 2018 |

Десет години подоцна – Ова се Чарли и неговиот брат денеска (ФОТО)

Тоа е едно од најгледаните видеа од самото создавање на „Јутјуб“. Поминаа точно десет години од кога еден татко од Бакингемшир во Англија ја сподели симпатичната снимка од своите два сина, не претпоставувајќи дека ќе стане интернет сензација.

Видеото го прикажува малиот Чарли кој седи во скутот на постариот брат Хенри. Хенри во еден момент направил фатална грешка и го ставил прстот во устата на неговиот брат. Чарли, секако, го гризнал, а неговата запрепастена реакција го обиколи целиот свет.

Снимката на „Јутјуб“ ја прегледале речиси 850 милиони луѓе, а тоа му донело на семејството околу 1.3 милиони долари, пренесува „Meтрo”.

Хенри денес има 13 години, а Чарли 11. Се` уште живеат во истата куќа со истиот кауч на кој било снимено ова легендарно видео.

Родителите одлучиле парите заработени од кликовите на Јутјуб да ги вложат во школувањето на децата. Видеото е споделено во 2007 година, а веќе во 2009 година стана најгледаното видео на „Јутјуб“.

PAY-Charlie-bit-my-finger-10-years

– Оваа снимка беше наменета за членовите на семејството. Во 2007 година видео од 50 мегабајти беше „претешко“ за имејл, па „Јутјуб“ ми се причини како добра опција. Кога сите во семејството го видоа, сакав да го избришам, но тогаш забележав дека имаме голем број на прегледи кој речиси се удвојуваше секој ден, па одлучив да го оставам – рекол нивниот татко Хауард Дејвис – Кар.

Во меѓувреме, момчињата добиле уште двајца браќа, Џаспер кој моментално има девет години, и Руперт, кој има шест. Родителите признаваат дека парите кои ги добиле благодарение на споменатата снимка им овозможиле да имаат повеќе деца.

PAY-Charlie-bit-my-finger-10-years (1)

– Без снимката не би можеле да го имаме Руперт – рекла мајката Шели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top