| четврток, 6 декември 2018 |

Одржана првата форумска сесија во општина Кривогаштани

На 3 јуни во општина Кривогаштани се одржа првата Форумска сесија дел од проектот „Форуми во зедницата“ на која што граѓаните од општина Кривогаштани покажаа голема заинтересираност

GEDC0095

На форумската сесија учествуваа 150 граѓани од сите населени места од општина Кривогаштани. Со активно учество беа определени темите, т.е. темата за која во понатамошните сесии граѓаните ќе предлагаат проекти кои во наредниот период ќе бидат реализирани во општината.

Вкупниот буџет кој со овој проект ќе се реализира во општина Кривогаштани е 2.800. 000 денари, од кои 50 проценти ги финансира Швајцарската агенција за развој и соработак, а 50 проценти и општина Кривогаштани.

Спроведувач на програмата во општина Кривогаштани е невладината фондација Институт Отворено општество – Македонија.

GEDC0100

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top